Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 162.366 статии на македонски јазик и 318 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија
Пристаништето на Ница
Пристаништето на Ница

Ница — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион и зафаќа површина од 721 км². Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.

Градот е наречен Nice la Belle (Nissa La Bella на окситански), што означува Убавата Ница, што исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.

Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на огнот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никаја, по божицата на победата Ника. Низ вековите, градот бил заземан многу пати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 12 јуни 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1691  Ахмед II на турскиот престол го наследи султанот Сулејман III.
1798  Француската армија го зазеде средоземниот остров Малта.
1812  Наполеон Бонапарт, француски цар, на чело на „Големата армија“ ја мина реката Њемен и ја започна офанзивата на Русија.
1898  Филипинскиот генерал Емилио Агиналдо за време на Американско-шпанската војна со поддршка на САД прогласи независност на Филипини. Американците, потоа ги окупираа Филипините и го срушија отпорот на филипинските националисти, а тој тихоокеански архипелаг стекна формална независност во 1946 година.
1944  Кај селото Стрмашево, Неготинско, дел од Втората македонска НОУ бригада го нападна и го разби бугарскиот полициски одред „Бенковски“. Во оваа борба загина и Коце Стојановски - Металец, истакнат борец и револуционер.
1945  Грчка воена единица го опколи селото Кономлади, Костурско, Егејска Македонија. Притоа, командантот на единицата ги собра сите жители и со сила ги тераше да признаат дека се Грци. Но, тој не успеа во тоа, бидејќи насобраните му изјавија дека се Македонци.
1946  Одигран е фудбалски натпревар за првиот повоен Првак на Македонија помеѓу „Победа“ и „Македонија“ (2:1). Притоа е остварен и првиот фудбалски радиопренос на Радио Скопје, со коментар на Коле Чашуле.
1964  Водачот на Африканскиот национален конгрес, Нелсон Мендела и уште 7 противници на расистичкиот режим во Јужноафриканската Република, осудени се на доживотна робија. Ослободен е во 1990 година, а во 1994 година даде заклетва како прв црнец претседател на земјата.
1976  При воениот удар во Уругвај од власт е симнат претседателот Хуан Бордабери, со што започна деветгодишната диктатура на армискиот врв.
1991  Борис Елцин е избран за претседател на Русија.
1993  Република Македонија стана членка на Меѓународната поштенска заедница.
1997  Република Македонија и Република Џибути воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.
2001  Генерал потполковник Јован Андревски, Началник на Генералштабот на АРМ, поднесе неотповиклива оставка, во екот на борбените дејства.
2016  Најмалку 50 луѓе биле убиени и 53 други повредени во напад во ноќен клуб во Орландо, Флорида. Напаѓачот бил убиен од полициските сили.

Родени:

1840  Јакуб Арбес — чешки писател, критичар и новинар.
1856  Спиро Гулапчев — македонски анархист.
1877  Јохан Фридрих Хегер — германски архитект.
1915  Дејвид Рокфелер — американски банкар.
1924  Џорџ Херберт Вокер Бушпретседател на САД (1988 — 1992).
1926  Амадео Каризо — арегентински фудбалски голман.
1928  Петрос Моливијатис — грчки политичар.
1929  Ана Франк — холандска Еврејка, жртва на холокаустот (п. 1988.).
1930  Столе Аранѓеловиќ — српски и југословенски глумец.
1941  Чик Кореја — американски џез-музичар.
1945  Пет Џенингс — северноирски фудбалер.
1949  Тодор Мицов — македонски поет.
1955  Мурат Мурати — македонски лингвист.
1959  Хуан Антонио Сан Епифанио — шпански кошаркар.
1965  Гвен Торенс — американска атлетичарка.
1965  Волфганг Херндорф — германски, писател, сликар и карикатурист.
1969  Витал Хејнен — белгиски одбојкарски тренер.
1977  Николас Васкес — аргентински глумец.
1979  Диего Милито — аргентински фудбалер.
1981  Адријана Лима — бразилски модел.
1982  Марко Поповиќ — хрватски кошаркар.
1984  Бруно Соријано — шпански фудбалер.
1986  Серхио Родригес — шпански кошаркар.
1989  Андреја Гвардини — италијански велосипедист.
1992  Филипе Кутињо — бразилски фудбалер.
1996  Давинсон Санчес — колумбиски фудбалер.
2002  Кони Де Винтер — белгиски фудбалер.

Починале:

816  Лав IIIримски папа.
1903  Милан Делчев — македонски револуционер.
1912  Фредерик Паси — француски хуманист и нобеловец (р. 1822).
1943  Тодор Ангеловски — македонски учител.
1944  Коце Стојановски - Металец — македонски револуционер.
1983  Норма Ширер — канадско-американска филмска глумица.
1997  Булат Окуџава — советски и руски поет.
2003  Грегори Пек — американски филмски глумец (р. 1916).
2006  Ѓерѓ Лигети — унгарско-австриски композитор (р. 1923).
2007  Барон Ги Едуар Алфонс Пол де Ротшилд — француски банкар (р. 1909).
2024  Џери Вест — американски кошаркар.

Празници:

*  Ден на Русија.
*  Светски ден против злоупотребата на детскиот труд.
Издвоен цитат
Image

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот
Image
Црквата „Св. Леонтиј“ во Водочкиот манастир, Струмичко.
Дали сте знаеле...


Зградата на ХАЗУ (порано ЈАЗУ)
Зградата на ХАЗУ (порано ЈАЗУ)


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 162.366 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Image Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Image Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Image Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Image Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Image Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Image
Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Image
Викиизвор — збирка на дела и книги
Image
Викивести — вести од светот
Image
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Image
Викицитат — збирка на цитати
Image
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Image
Викивидови — именик на видови
Image
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Image
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Image
Википодатоци— база на слободни знаења
Image
Википатување — туристички водич