Прејди на содржината

1080p

Од Википедија — слободната енциклопедија
Image
Телевизиски стандарди до 1080p

1080p (познат и како Full HD или FHD) — стандард за видеорезолуција што означува приказ од 1080 пиксели по висина и 1920 пиксели по ширина. Буквата p означува „прогресивно“ (од англиски: progressive scan), што се однесува на начинот на кој се исцртува сликата на екранот — целиот кадар се освежува одеднаш, за разлика од „преплетеното“ скенирање.

Со својата резолуција од 1920×1080 пиксели и сооднос на страните од 16:9, 1080p е широко прифатен стандард за високодефинитивна (HD) слика. Денес, овој формат е стандарден за најголемиот број ЛЦД-телевизори, монитори, како и за снимање на видеосодржини со филмски камери.

Ознаката 1080p на уредите укажува дека истите можат да примаат сигнал во резолуција 1920×1080 и да го прикажат во изворна (природна) резолуција од најмалку 1080 хоризонтални линии. Во однос на помалата резолуција 720p, 1080p нуди значително поголема острина и детали на сликата.

Во професионалното прикажување и производство, форматот 1080p со 50 или 60 слики во секунда се смета за висок стандард за телевизија со висока чистота на сликата, додека за кинопроизводството стандардот останува 24 слики во секунда.[1][2]

  1. „EBU R115-2005: Future high definition television systems“ (PDF). EBU. мај 2005. Архивирано (PDF) од изворникот 26 март 2009. Посетено на 24 мај 2009.
  2. „Tech 3299: High Definition (HD) Image Formats for Television Production“ (PDF). EBU. December 2004. Архивирано од изворникот (PDF) на 29 декември 2009. Посетено на 20 ноември 2009.